небо
мн. неба
Вид збор: Именка, среден род
Ранг: 356
1.
Атмосферскиот и вселенскиот простор што се гледа од Земјата во вид на свод.
Примери:
Ведро небо.
Сино небо.
Ѕвездено небо.
2.
Во религиозните претстави - просторот, местото каде што се наоѓаат Бог и божјите суштества.
Примери:
Те гледа Господ од небото.
Изрази
Вишно небо - многу високо.
Ни на небо ни на земја - несигурно, неверојатно.
Како да паднал од небо - изненаден, зачуден. Што не знае, не разбира.
Чека да му падне од небо - не работи, не се труди.
Под ведра небо - на отворено, без покрив над главата.
Го крева до небо - премногу го фали.