а   б   в   г   д   ѓ   е   ж   з   ѕ   и   ј   к   л   љ   м   н   њ   о   п   р   с   т   ќ   у   ф   х   ц   ч   џ   ш

нели

Вид збор: Честичка
Ранг: 2183
1. Во прашални речници: За изразување сомнеж, неверување, одрекување; со значење зар не, зарем не.
Примери:
Нели ти рекоа да не одиш подалеку од дворот?
Нели се најаде?
Нели се најде момче за тебе?
2. Во прашални речници: За потсилување на прашањето, при што се поттикнува потврден одговор.
Примери:
Судијата не беше строг, нели?
Ова е добро, нели?
Нели нема долго да останеме таму?