нешто
Вид збор: Прилог
Ранг: 895
1.
Некако, на некој начин, поради нешто.
Англиски:
somehow
Нешто никако не можам да разберам што сака да каже со тоа.
Да не сум ти нешто слуга така да ми зборуваш.
Нешто cи ми блед?
Како да беше нешто налутен.
Да не нешто мајка ѝ не ја пушта?
2.
За мера: и нешто - малку над; без нешто - малку под.
Англиски:
something
Сега е два часот и нешто.
Беше три часот без нешто.
еден литар и нешто
два литри без нешто
три кила и нешто
две кила без нешто
Изрази
Од ништо нешто - од мала, неважна работа дошло до сериозни последици, до голем резултат, успех (според контекстот).
Од него ќе биде нешто - влева надеж дека ќе успее во животот.