никаков
никакви
Вид збор: Придавка
Ранг: 515
1.
(зам. прид.) За засилено или полно негирање, одрекување на тоа што го означува именката со која оди.
Примери:
Нема никаква вина.
Никакви пари не си ми дал.
За тоа нема никакви вести.
2.
Што ништо не вреди.
Примери:
Имаше само една никаква куќа.
Платите ни се никакви.
Тоа не е никаков живот.
Ова не е никаков расказ.
3.
За изразување забрана, во елиптични реченици.
Албански:
ndalesë
Никакви пари!
Никакво одење!
За тоа, никакво попуштање.
Никакви расправии!