ниша
нишаат; нишал
Вид збор: Глагол, несвршен
Ранг: 2444
1.
Движи нешто наваму-натаму, на една, на друга страна.
Англиски:
sway
Албански:
luhas, tund
Ветрот ги ниша гранките.
Слуша и ниша cо глава, потврдува.
2.
Движи, рамномерно изместува нешто кое пак се враќа во претходната положба.
Примери:
Мајката го нишаше детето во крошна.
Ги нишаа децата на нишалка и им пееја песни.
3.
(се ниша) Се движи наваму-натаму, се мрда, се поместува.
Англиски:
move
Албански:
lëkundet, luhatet
Под стреата се нишаа низи суви пиперки.
Кајчињата се нишаа како лушпи од ореви.
Забот му се ниша.
Слично со:
клати (несв.)
4.
(се ниша) Нестабилно оди.
Англиски:
stagger
Албански:
luhatet, ec jostabil
Се нишаше при одењето како пијан.
Слично со:
тетерави (несв.)
Изрази
Ниша нозе - ништо не работи, безделничи.
Изведенки
нишање ср.
глаг. им.
глаг. им.