а   б   в   г   д   ѓ   е   ж   з   ѕ   и   ј   к   л   љ   м   н   њ   о   п   р   с   т   ќ   у   ф   х   ц   ч   џ   ш

но

Вид збор: Честичка
Ранг: 5085
1. На почетокот на реченица, често на почеток на нов пасус за воведување нова мисла сосема различна од претходно кажаното.
Англиски: but
Примери:
Начинот на кој е предочена тематиката го одразува нашиот менталитет, провинциски и подбивен. Но, каква и да е вистината во нив и без оглед на тоа што одразува таа, сепак тој ја прифаќа како своја...
И, ајде — пак назад. Но, овој пат, заедно со моите спасителки.
2. За изразување негодување, сосема самостојно.
Англиски: no
Примери:
Но...
3. На почетокот на прашални или на извични реченици.
Англиски: but
Примери:
Но, каде е детето?
Но, што ќе речат тие?
Но, ти не знаеш што зборуваш!
Но, немој да се грижиш!
4. На почеток на реторичко прашање.
Англиски: but
Примери:
Но, има ли некој што не згрешил?
Но, каде си видел поп за физичка работа?