нота
мн. ноти
Вид збор: Именка, женски род
Ранг: 5658
1.
Графички знак за бележење на тонот; тон во музиката.
Примери:
висока нота
дисонантна нота
2.
(само мн.) Музичко нотно дело.
Примери:
Cвири на ноти.
Донеси ми ги нотите.
3.
Нијанса, составка во некоја содржина.
Примери:
весела нота
сатирична нота
песимистичка нота
хуманистичка нота
воспитно-образовна нота
Слично со:
нијанса (ж.)
4.
Во дипломатијата - писмено обраќање на една влада до друга.
Примери:
протестна нота
Размена на ноти.