ноќ
мн. ноќи
Вид збор: Именка, женски род
Ранг: 164
Дел од деноноќието, од вечерта до утрото.
Примери:
Длабока ноќ.
Немирна ноќ.
Седеа долго во ноќта.
Изрази
Ден и ноќ (работи) - многу долго, непрекинато.
Ја прави ноќта ден - работи и ноќе.
Преку ноќ - многу брзо, за многу кусо време.
Добра (лека) ноќ - пожелување што се упатува навечер, пред легнување.