нужда
мн. нужди
Вид збор: Именка, женски род
Ранг: 4916
1.
потреба од нешто
Примери:
Имам нужда од кола.
Немал нужда од помош.
Во крајна нужда ќе земам кредит.
Слично со:
потреба (ж.)
2.
беда, немаштија
Англиски:
misery
Албански:
varfëri, mjerim
Тие растеа во мака и нужда.
Нуждата го натерала да проси.
3.
Физиолошка потреба, исфрлање непотребни материи од организмот.
Англиски:
toilet
Албански:
nevojë, shkon në tualet
Оди по нужда.
Изрази
Голема нужда - празнење на цревата.
Мала нужда - исфрлање на урината.