а   б   в   г   д   ѓ   е   ж   з   ѕ   и   ј   к   л   љ   м   н   њ   о   п   р   с   т   ќ   у   ф   х   ц   ч   џ   ш

обедини

обединат; обединил
Вид збор: Глагол, свршен
Ранг: 6323
1. Соедини, спои одделни единици (работи, сектори, групи) во една целина и под едно раководство.
Англиски: unite Албански: bashkoj, unifikoj
Примери:
Синдикатот треба да ја обедини работата на сите организации на теренот.
2. Создаде единство, здружи, поврзе во некаква целина.
Англиски: unify Албански: unifikoj, basdhkoj
Примери:
Заедничките интереси ги обединија работниците.
Тие ги обединија своите сили во борбата против непријателот.
Тој знае како да ги обедини зборовите и делата.
3. (се обедини) Влезе во сојуз, стане една целина.
Англиски: unite Албански: bashkohem
Примери:
По завршувањето на војната, двете држави се обединија во една.
4. (се обедини) се здружи, се сплоти
Англиски: join Албански: bashkoj
Примери:
Пред изборите, тие две партии се обединија во коалиција.
Двата одреда се обединија во еден.
Изведенки
1. обединува несв.
(се) обединуваат
2. обединување ср.
глаг. им.