а   б   в   г   д   ѓ   е   ж   з   ѕ   и   ј   к   л   љ   м   н   њ   о   п   р   с   т   ќ   у   ф   х   ц   ч   џ   ш

обиколи

обиколат; обиколил
Вид збор: Глагол, свршен
Ранг: 10238
1. Помине, направи движење околу нешто.
Англиски: encircle Албански: rrethoj, vij përqark
Примери:
Војниците го обиколија селото.
2. Одмине, заобиколи, избегнувајќи некого или нешто.
Англиски: circumvent Албански: rrethoj, shmangem
Примери:
Момчето ја обиколи зградата и влезе од задниот влез.
Таа ги обиколи децата со возилото.
3. Крстоса, изоди, пропатува од едно место до друго.
Англиски: circle Албански: rrethoj, vij rrotull
Примери:
Тој го обиколи светот.
Странците обиколија неколку поголеми села во регионот.
4. Намине, наврати, посети некого или нешто.
Англиски: drop by Албански: kaloj, kthej
Примери:
Ги обиколи сите пријатели, но никој не му позајми пари.