обичај
мн. обичаи
Вид збор: Именка, машки род
Ранг: 1401
1.
Општоприфатен начин на живот, работа, однесување кој со текот на времето се затврдува како општествено правило, преминува во традиција.
Англиски:
custom
Албански:
zakon, adet
народни обичаи
свадбени обичаи
Слично со:
традиција (ж.)
2.
Навика, постапка што се повторува несвесно.
Англиски:
habit
Албански:
zakon, ves
Тој имаше обичај да си дремнува по ручекот.
Таа, по обичај, го бакна во челото.