оближе
оближат; оближи, оближете; оближав, оближаа; оближал; оближан; (ќе) оближев, (ќе) оближеа; (ќе) оближел
Вид збор: Глагол, свршен
Ранг: 18210
1.
Излиже, изеде нешто со лижење.
Примери:
Детето ја оближа лажицата со мед.
Мачката го оближа млекото од чинијата.
2.
Допре нешто со лижење.
Примери:
Тој ги оближа усните испукани од студот.
Кравата го оближа телето.
3.
За пламен, чад - допре, опфати нешто.
Примери:
Пламенот ја оближа сета колиба.
4.
(се оближе) Помине со јазикот по некој дел од телото.
Примери:
Се оближа по испуканите усни.
Тој погледна во јадењето и се оближа.
Изведенки
1.
оближува несв.
(се) оближуваат
(се) оближуваат
2.
оближување ср.
глаг. им.
глаг. им.