објаснение
мн. објасненија
Вид збор: Именка, среден род
Ранг: 10260
1.
Разјаснување, толкување на нешто за да стане појасно.
Англиски:
explanation
Албански:
sqarim, shpjegim
Секој збор е проследен со кратко објаснение.
Тој не ги прифати нивните објасненија.
Слично со:
толкување (ср.)
2.
Писмено или усно образложение на некаков став, постапка, решение и сл.
Англиски:
explanation
Албански:
sqarim, shpjegim
Правно објаснение.
Требаше да даде објаснение за својата постапка.
Слично со:
образложение (ср.)
3.
Изјаснување за нешто низ разговор.
Англиски:
dispute
Албански:
kundërshtim, debat
Објасненијата меѓу таткото и синот траеја до доцна во ноќта.