оголи
оголат; оголи, оголете; оголев, оголеа; оголел; оголив, оголија; оголил; оголен
Вид збор: Глагол, свршен
Ранг: 17337
1.
Направи да биде гол, соблече, открие до голо; разголи.
Примери:
Девојката ги оголи рамениците.
Детето ги оголи колената и влезе во вода.
2.
Направи да биде гол (без лисја, без кора, без влакна)
Примери:
Тој скина гранче и го оголи со ножето.
Берберот му го оголи вратот.
Сушата го оголи полето.
3.
Стане гол, остане без лисја, без влакна и сл.
Примери:
Шумата оголе.
Дрвјата оголеа од силниот ветер.
Главата му оголе од грижи.
4.
Ограби, опљачка некого; земе, одземе некому нешто (пари, имот) обично на недозволен начин.
Примери:
Вчера ме оголија на коцка.
Крадците сѐ ни зедоа, нѐ оголија.
Слично со:
ограби (св.)
5.
Остави некого без средства за живот; осиромаши некого.
Примери:
Војната го оголи народот.
6.
Стане сиромашен, осиромаши, остане без нешто неопходно.
Албански:
varfër
Тој сосема оголе коцкајќи се.
Одамна не сум купила ништо за носење, оголев веќе.
7.
(се оголи) Стане гол, се разголи.
Примери:
Тој се оголи до половината и почна да копа.
Слично со:
разголи (св.)
Изведенки
1.
оголува несв.
(се) оголуваат
(се) оголуваат
2.
оголување ср.
глаг. им.
глаг. им.