од
мн. одови
Вид збор: Именка, машки род
Ранг: 5010
1.
Движење со чекорење, одење.
Примери:
Тие го забрзаа одот.
Таа се нишаше при одот.
Наслушна тешки одови по снегот.
Слично со:
чекорење (ср.)
2.
Начин на одење, на чекорење.
Примери:
несигурен од
цврст од
лесен од
3.
Работа, движење на нешто неживо (машина, механизам).
Примери:
Го следеше одот на машините.
Одот на иглата е неправилен.
Гледаше во одот на стрелките на часовникот.
4.
Пат, растојание (како мерка за далечина).
Примери:
Одовде до селото има два часа од.
5.
тек, развој
Примери:
Тој настан влијаел врз одот на востанието.
Ништо не може да го запре одот на времето.
Слично со:
тек (м.)