одговор
мн. одговори
Вид збор: Именка, машки род
Ранг: 428
1.
Возвраќање, исказ што се дава на поставено прашање.
Примери:
точен одговор
краток одговор
чекаше одговор
духовити одговори
Спротивно од:
прашање (ср.)
2.
Писмо, изјава, објаснување во врска со нечие писмено јавување или барање.
Примери:
Сѐ уште немаше одговор на неговата молба.
Врати ми одговор на писмото.
3.
Чин, постапка, гест што претставува реакција на нешто.
Примери:
Молчеше во знак на одговор.
Место одговор, ме погледна предизвикувачки.
Непријателот престана со огнот чекајќи го нашиот одговор.
Слично со:
реакција (ж.)