одере
одерат; одери, одерете; одрав, одраа; одрал; одран; (ќе) одерев, (ќе) одереа; (ќе) одерел; одерен
Вид збор: Глагол, свршен
Ранг: 11966
1.
Симне, отстрани кожа од животно.
Примери:
Месарот вешто го одра јагнето.
2.
Оштети површина на кожата.
Примери:
Трчајќи детето падна и го одра коленото.
Слично со:
изгребе (св.)
3.
Ограби со продавање по премногу висока цена, со камата и сл.
Примери:
Бев на сервис за автомобилот, ме одраа.
За тој кредит кожата му ја одраа.
Изведенки
1.
одерува несв.
одеруваат
одеруваат
2.
одерување ср.
глаг. им.
глаг. им.