однос
мн. односи
Вид збор: Именка, машки род
Ранг: 199
1.
Став, држење, начин на однесување кон некого или кон нешто.
Англиски:
attitude
Албански:
marrëdhënie
правилен однос кон работата
оптимистички однос кон животот
здрав однос кон храната
Слично со:
држење (ср.)
2.
Положба, релација на еден наспроти друг, заемност, поврзаност на луѓе.
Примери:
однос меѓу работодавачот и работникот
Слично со:
релација (ж.)
3.
Заемна врска меѓу два предмета, појави или различни, спротивни величини.
Примери:
односот увоз извоз
односот на приходите и расходите
Слично со:
врска (ж.)
4.
(обично во мн.) Врска меѓу луѓе, појави, состојби.
Англиски:
relationship
Албански:
marrëdhënie
национални односи
пријателски односи
деловни односи
демократски односи
капиталистички односи
Изрази
Брачен однос - брак.
Работен однос - однос меѓу работникот и работодавецот.
Полов однос - полов акт.
Во однос на, во тој / таков однос - што се однесува на.