одреди
одредат; одредам; одредил; одреден
Вид збор: Глагол, свршен
Ранг: 3480
1.
Утврди, установи нешто, во некој однос (по број, големина, тежина, квалитет).
Англиски:
determine
Албански:
caktoj, përcaktoj
Злосторникот го фатија, но му одредија мала казна.
Јадењето беше блуткаво, не можеше да му го одреди вкусот.
Слично со:
определи (св.)
2.
Пропише, донесе решение, одлука, закон и сл.
Примери:
Работното време ќе се одреди со Правилникот.
Привремената власт одреди полициски час.
3.
Одбере, избере, намени за нешто.
Англиски:
determine
Албански:
caktoj, përcaktoj
Треба да одредат и негов заменик.
Одредија термин за свадба.
Изведенки
1.
одредува несв.
одредуваат
одредуваат
2.
одредување ср.
глаг. им.
глаг. им.