а   б   в   г   д   ѓ   е   ж   з   ѕ   и   ј   к   л   љ   м   н   њ   о   п   р   с   т   ќ   у   ф   х   ц   ч   џ   ш

олтар

мн. олтари
Вид збор: Именка, машки род
Ранг: 4242
1. Најважен дел во црква, издигнато и преградено место во предната источна страна на црквата, каде што се одвива главниот дел од богослужбата.
Англиски: altar Албански: altar
Употреба: Религија
Примери:
Беше седната на скалилата пред олтарот и липаше.
2. жртвеник
Англиски: altar Албански: altar
Употреба: Преносно значење
Примери:
Среќаваме поими за татковината и свест за жртвите што треба да се дадат на олтарот на татковината.
Изрази
Застане пред олтар - се венча (во црква).
Изведенки
олтарче ср.
мн. олтарчиња
дем.