оној
Вид збор: Заменка
Ранг: 497
1.
За покажување некого или нешто што го гледаме во моментот на зборувањето, но што не се наоѓа во наша непосредна близина.
Примери:
Ја зеде својата лампа и ја управи светлината кон оној дел од масата, кај што седеше жената.
Онаму, во оној ќош, сите спијат.
2.
За покажување некого или нешто просторно и временски оддалечено, но веќе споменато или познато.
Примери:
Вратата на неговата канцеларија не е отворена од оној ден.
Водата успеала да го добие оној вкус што се чувствува кога ќе помине низ пепел.
3.
При претходно определување.
Примери:
Ги отвори скриптите на истата онаа страница на која беше запрел.
Го носеше оној жолт фустан без ракави.
4.
За потсилување на изразот, за потенцирање.
Албански:
ai
Го гледаш оној високион човек онаму?
5.
Само во среден род - со извесна модалност.
Албански:
ai
Дај го она весникон да го прегледам малку.
6.
(како им.) Наместо име што не сака да се спомене, што се избегнува.
Албански:
ai
Му кажа ли на оној што мислам за неговата постапка?
Изрази
На оној свет - задгробен живот.
Изведенки
1.
оној м.
2.
онаа ж.
3.
она ср.