опера
мн. опери
Вид збор: Именка, женски род
Ранг: 5544
1.
Музичко-сценско дело, што се изведува од пејачи и оркестар.
Примери:
Овој месец на сцената се изведува операта на Верди.
2.
Зграда во која се изведуваат оперски дела.
Примери:
Се подотера на брзина и се стрчна кон операта.
3.
Група од музичари и пејачи што изведуваат такво дело; оперски ансамбл.
Примери:
На тој настан ќе гостува Македонската опера.
Слично со:
ансамбл (м.)
Изведенки
оперски прид.
оперскиот
Пример: оперски арии
оперскиот
Пример: оперски арии