а   б   в   г   д   ѓ   е   ж   з   ѕ   и   ј   к   л   љ   м   н   њ   о   п   р   с   т   ќ   у   ф   х   ц   ч   џ   ш

описен

описниот
Вид збор: Придавка
Ранг: 31734
Што се однесува на опис, што опишува, што се служи со опис.
Англиски: descriptive
Примери:
Описно изразување.
Описен метод.
Изрази
Описна оценка - оценка со која се дава опис за работата и постигнувањето на ученикот, без оценување изразено со број.
Изведенки
описно прил.
На описен начин, преку опишување.
Пример: Тој се изразува описно.