опит
мн. опити
Вид збор: Именка, машки род
Ранг: 10266
1.
Севкупност од умствени и практични знаења, вештини, навики стекнати низ самиот живот и практика.
Англиски:
experience
Албански:
përvojë
животен опит
личен опит
горчлив опит
Пословиците се кратки изреки, извлечени од размислувањата и опитот на нашите предци.
Слично со:
искуство (ср.)
2.
Вештачко предизвикување на некоја појава заради проучување и откривање на законитостите на кои подлежи.
Англиски:
experiment
Албански:
eksperiment
Лабораториски опити.
Набљудување и изведување опити.
3.
Испитување, утврдување на особините, проба.
Англиски:
test
Албански:
provë, test
Колку нараснала потребата од книга на народен јазик, покажува отворањето на македонска печатница во Солун, како и опитот направен десетина години подоцна да се создаде печатница во селото Ваташа.
Слично со:
обид (м.)