а   б   в   г   д   ѓ   е   ж   з   ѕ   и   ј   к   л   љ   м   н   њ   о   п   р   с   т   ќ   у   ф   х   ц   ч   џ   ш

опколи

опколат; опколил; опколен
Вид збор: Глагол, свршен
Ранг: 7361
1. Загради, огради некого или нешто од сите страни; се расположи од сите страни на нешто, околу нешто.
Англиски: surround Албански: rrethekoj
Примери:
Ти знаеш штом ја опколија куќата, јас загнав да бегам.
2. Образува круг, обрач околу непријателски единици, оневозможувајќи нивно движење или повлекување.
Англиски: encircle Албански: rrethekoj, rrethoj
Употреба: Воен термин
Примери:
Опколени сте, предајте се!
Ги опколија и тие го положија оружјето.
3. За луѓе – насобере се околу некого или нешто; навали од сите страни.
Англиски: crowd Албански: grumbulloj, mbledh
Примери:
Дамите веднаш го опколија момчето.
4. Направи круг околу некого или нешто.
Англиски: enclose Албански: rrethoj
Примери:
Да не ја опколи ти земјава, па сега се сети дека е твоја.
Изведенки
1. опколува несв.
опколуваат
2. опколување ср.
глаг. им.