опколи
опколат; опколил; опколен
Вид збор: Глагол, свршен
Ранг: 7361
1.
Загради, огради некого или нешто од сите страни; се расположи од сите страни на нешто, околу нешто.
Примери:
Ти знаеш штом ја опколија куќата, јас загнав да бегам.
2.
Образува круг, обрач околу непријателски единици, оневозможувајќи нивно движење или повлекување.
Примери:
Опколени сте, предајте се!
Ги опколија и тие го положија оружјето.
Слично со:
опкружи (св.)
3.
За луѓе – насобере се околу некого или нешто; навали од сите страни.
Англиски:
crowd
Албански:
grumbulloj, mbledh
Дамите веднаш го опколија момчето.
Слично со:
насобере (св.)
4.
Направи круг околу некого или нешто.
Примери:
Да не ја опколи ти земјава, па сега се сети дека е твоја.
Слично со:
обиколи (св.)
Изведенки
1.
опколува несв.
опколуваат
опколуваат
2.
опколување ср.
глаг. им.
глаг. им.