опомене
опоменат; опомени, опоменете; опоменав, опоменаа; опоменал; опоменат; опоменев, опоменеа; опоменел
Вид збор: Глагол, свршен
Ранг: 12886
1.
предупреди, потсети
Англиски:
remind
Албански:
kujtoj, paralajmëroj
Ја помрдна ногата, но болката го опомена дека не е сон.
Тој ги опомена да не спијат испотени.
Слично со:
предупреди (св.)
2.
укори
Англиски:
warn
Албански:
paralajmëroj, bëj vërejtje
Мислиш ако молчам, па никогаш не сум те опоменал, ќе треба да правиш сѐ што сакаш.
Сестра ѝ ја опомена со очите.
Слично со:
укори (св.)
Изведенки
1.
опоменува несв.
опоменуваат
опоменуваат
2.
опоменување ср.
глаг. им.
глаг. им.