а   б   в   г   д   ѓ   е   ж   з   ѕ   и   ј   к   л   љ   м   н   њ   о   п   р   с   т   ќ   у   ф   х   ц   ч   џ   ш

опор

опориот
Вид збор: Придавка
Ранг: 42475
1. Што има киселкав и малку горчлив вкус што ја собира устата, што тешко се голта.
Англиски: bitter
Примери:
Касна, и тврдото, опоро касајче ѝ го стегна грлото.
2. Што е со силен, остар и тежок мирис.
Англиски: foul
Примери:
Чемериката шири горчлив, опор мирис во бранови.
3. груб, рапав
Англиски: rough
Примери:
Му рече со опор глас.
4. непријатен, нељубезен
Англиски: impolite
Примери:
Не дочека да се доискаже, а го пресече со опора острина во гласот.
5. строг, крут, неосетлив
Англиски: insensitive
Примери:
Таа беше опора личност.
6. мачен, тежок
Англиски: troublesome
Примери:
Во неа веќе зрееше опора грижа.
Изведенки
опорост ж.