определи
определат; определил
Вид збор: Глагол, свршен
Ранг: 2319
1.
Точно установи, утврди нешто.
Англиски:
determine
Албански:
përcaktoj, determinoj
Овчарот точно можеше да определи од која страна доаѓа звукот на ѕвонецот.
Карактерот на збирката е определен во предговорот.
Тој не можеше да определи точно, каков е неговиот став.
Слично со:
утврди (св.)
2.
Пресмета, утврди број, количеcтво.
Примери:
Комисијата ја определи најниската откупна цена.
3.
одлучи, реши
Примери:
Чекаа учителот да определи кој во кое одделение ќе учи.
Таа остави јас да го определам местото на средбата.
4.
набележи, назначи
Англиски:
determine
Албански:
përcaktoj, vendos
Тој влез е определен како службен.
Во салата беше точно определено кој каде ќе седи.
Слично со:
назначи (св.)
5.
Избере, назначи на должност.
Примери:
Кажете дека сè уште не сум го определил заменикот.
6.
обуслови
Англиски:
determine
Албански:
përcaktoj, determinoj
Самите услови го определија начинот на работа.
7.
Установи, додели, даде некому нешто - награда, задача и сл.
Англиски:
determine
Албански:
caktoj, jap
Комисијата ми ја определи наградата за најдобар расказ.
Секому му ја определи работата што требаше да ја заврши.
8.
(се определи) Се одлучи, се реши за некого или нешто, заземе став за нешто.
Англиски:
determine
Албански:
përcaktohem
Само од тебе зависи за што ќе се определиш.
Треба да се определиш на чија страна си.
Слично со:
избере (св.)
Изведенки
1.
определува несв.
(се) определуваат
(се) определуваат
2.
определување ср.
глаг. им.
глаг. им.