опстанок
(едн.)
Вид збор: Именка, машки род
Ранг: 4618
Одржување во живот, постоење, живот.
Примери:
Воденичарството е една од најстарите производствени гранки сврзани со исхраната и опстанокот на човекот.
Тој знаеше дека од него зависи опстанокот на овој театар.
Изрази
Борба за опстанок - природен (биолошки) закон според кој cите живи суштества се борат да опстанат во различни климатcки, географски и др. услови и да ги избегнат опасностите.