опфати
опфатат; опфатил; опфатен
Вид збор: Глагол, свршен
Ранг: 3311
1.
Фати околу со раце, обгрне, прегрне нешто или некого.
Примери:
Си ја опфати брадата со раката и молчеше.
Слично со:
обгрне (св.)
2.
Вклучи нешто или некого во составот на нешто.
Примери:
Борбата ќе го опфати целиот народ во идното победоносно востание.
Cо работа треба да се опфатат cите што покажале готовност да се борат.
Слично со:
вклучи (св.)
3.
Фати со поглед или мисла.
Примери:
Во еден миг, со остар поглед опфати сѐ.
4.
Обземе чувство, душевно преживување.
Англиски:
seize
Албански:
kap, kaploj
Ја опфати силна тага.
Ме опфати жал.
Ме опфати плач.
Изведенки
1.
опфаќа несв.
опфаќаат
опфаќаат
2.
опфаќање ср.
глаг. им.
глаг. им.