организација
мн. организации
Вид збор: Именка, женски род
Ранг: 729
1.
(едн.) Активности за подготовка на нешто (приредба, конференција), средување или основање нешто.
Англиски:
organization
Албански:
organizatë
Организацијата на фестивалот ја раководи секретарот.
Слично со:
организирање (ср.)
2.
(едн.) Плански и добро спроведени активности за остварување некоја замисла или акција.
Англиски:
organization
Албански:
organizim
Организацијата на приредбата беше одлична.
Слично со:
организираност (ж.)
3.
(едн.) Систем, начин на спроведување на некои активности.
Примери:
Воведовме нова организација на работата.
4.
Група луѓе, институции или држави здружени со заеднички цели и интереси.
Англиски:
institution
Албански:
institucion
Студентска организација.
Организација на обединетите нации.