оригинал
мн. оригинали
Вид збор: Именка, машки род
Ранг: 6478
1.
Дело (уметничко, научно) изработено или создадено со сопствен труд, изворен примерок.
Примери:
Сликава е оригинал, а не репродукција.
2.
Примерок од кој се прави препис, копија или се печати во печатница.
Примери:
Книгата претставува препис од некаков руски оригинал.
3.
Веродостоен, изворен примерок на документ.
Спротивно од:
фалсификат (м.)
4.
Човек што се разликува од другите, необичен, чуден, интересен.