оро
мн. ора
Вид збор: Именка, среден род
Ранг: 1649
1.
Народен танц во кој играчите најчесто фатени за раце се движат во круг.
Примери:
Свадбарско оро
Кумово оро
2.
Музика за народен танц.
Примери:
Го засвиреа пајдушкото оро.
Засвири оро да поиграме.
3.
Луѓето што играат фатени за рака, за рамо и сл.
Примери:
Сите се фатија на орото што го водеше невестата.
Изрази
И ситно оро ќе игра - ќе биде принуден да направи се што треба и ако не сака.
Оро таратинско ќе игра - ќе биде принуден да направи се што треба и ако не сака.
Ќе игра оро на тепсија (на шикла) - ќе биде принуден да направи се што треба и ако не сака.
Гладна мечка оро не игра - гладен човек не може да работи.
Си се фатил на оро, ќе играш - кога си започнал некоја работа, треба да ја довршиш.
(посл.) Дала баба динар да се фати на оро, дала два да се пушти, ама не ја пуштиле - кога си започнал некоја работа, треба да ја довршиш.
Се фатил сиромавиот на оро, се скинал тапанот - кога сиромав ќе почне некоја добра работа, излегуваат многу проблеми и работата се расипува.
Самовилско оро - виорен ветер што завива се во круг и крева се на што ќе наиде.
Самовилско оро - прекрасно оро, оро на самовилите.
Изведенки
орце ср.
мн. орциња
дем. и хип.
Пример: Заиграа и по некое орце.
мн. орциња
дем. и хип.
Пример: Заиграа и по некое орце.