освести
освестат; освестил; освестен
Вид збор: Глагол, свршен
Ранг: 5647
1.
Поврати онесвестен во свесна состојба.
Примери:
Анестезиологот го освести пациентот по завршената операција.
Жената ја освестија со студена вода.
Слично со:
разбуди (св.)
2.
Помогне некому да стане свесен за нешто, за своите интереси и сл.
Примери:
Чичко ми ме освести за некои случувања во врска со работата.
Слично со:
отрезни (св.)
3.
(се освести) Се поврати во свесна состојба.
Примери:
Машиновозачот се освести по два часа.
4.
(се освести) Стане свесен за нешто.
Примери:
Тој се освести навреме и се повлече од тоа друштво.
Изведенки
1.
освестува несв.
(се) освестуваат
(се) освестуваат
2.
освестување ср.
глаг. им.
глаг. им.