особен
особениот
Вид збор: Придавка
Ранг: 3314
1.
Што се изделува од другите, што се истакнува меѓу другите.
Примери:
Тоа е од особена важност.
Покажува особен интерес.
Со особено задоволство се потсетуваме на тие настани.
2.
необичен, чуден
Англиски:
particular
Албански:
i veçantë, i çuditshëm
Имаше некој особен поглед.
Особени луѓе.
Слично со:
необичен (прид.)
3.
специјален, посебен
Примери:
Немам особени причини да не ја прифатам поканата.
Учебната година помина без особени забележителности.
Слично со:
специјален (прид.)
4.
Личен, својствен, карактеристичен за некого, или за нешто.
Англиски:
particular
Албански:
i veçantë
Тој си има свое особено мислење.
Слично со:
својствен (прид.)