острина
(едн.) острината
Вид збор: Именка, женски род
Ранг: 7724
1.
Особина на тоа што е остро, што сече, реже и сл.
Примери:
Ја испроба острината на ножот.
Се изненади од острината на своите заби.
2.
Особина на тоа што има остар врв, што изгледа остро.
Албански:
mprehtë
Ја помнеше острината на карпите.
3.
Својство на тоа што е грубо, тврдо.
Примери:
Острината на козината не ѝ даваше да заспие.
Слично со:
грубост (ж.)
4.
Својство и особина на тоа што се пројавува, што дејствува силно.
Примери:
Острината на неговиот глас ги изненади присутните.
Острината на болката го раскинуваше во градите.
Острина на мислата.
Поседуваше извонредна острина на слухот.
Слично со:
интензитет (м.)
5.
Својство на тоа што е многу силно изразено.
Англиски:
visibility
Албански:
vizibilitet
Острината на сликата на телевизорот се регулира со ова копче.
Ја ублажуваше острината на поразот.