отаде
Вид збор: Прилог
Ранг: 8031
1.
Од другата, спротивната страна, откај спротивната страна.
Англиски:
from there
Отаде пак се чуја караници.
Отаде се покажа стутканата фигура на старецот.
2.
Од тоа место, оттаму.
Англиски:
from there
Отаде подобро се гледа патот.
Побегнал отаде без пари, без алишта.
Отаде ливадите се гледаат како на дланка.
Слично со:
оттаму (прил.)
3.
Од тоа, поради тоа, оттука, оттаму.
Англиски:
therefore
Отаде произлегува неговата финансиска состојба.
Отаде произлегува дека тој и не бил таму.
Изрази
Отаде одоваде - од околу.
Дури отаде - уште како.
Ќе одиш дури отаде - ќе одиш уште како, ќе одиш каде што треба.
(посл.) Отаде си гале од каде ти се гробиштата.