отежне
отежнат; отежни, отежнете; отежнав, отежнаа; отежнал; отежнат; (ќе) отежнев, (ќе) отежнеа; (ќе)отежнел
Вид збор: Глагол, свршен
Ранг: 18532
1.
Стане потежок од порано.
Примери:
Тутунот отежнал од влагата.
Детето отежнало од многу јадење и лежење.
Слично со:
задебели (св.)
2.
Стане тром, тешко подвижен.
Примери:
Му отежна снагата од многу замор.
Слично со:
затромави (св.)
3.
Направи тешкотии во извршувањето на некоја работа.
Англиски:
impede
Албански:
pengoj, ndaloj
Комшијата ни ја отежна изградбата на куќата со поднесување тужба.
Дождот и ветерот им го отежна движењето на луѓето.
Слично со:
комплицира (св. и несв.)
Изведенки
1.
отежнува несв.
отежнуваат
отежнуваат
2.
отежнување ср.
глаг. им.
глаг. им.