откај
Вид збор: Предлог
Ранг: 1918
1.
Со пространствено значење - место.
Ќе појдеме откај мене на концертот.
2.
Со пространствено значење - потекло.
Сите примери му се откај Цепенков.
3.
Со пространствено значење - правец.
Кај нас дождовите обично идат откај југ.
4.
Со временско значење - приближен момент на почетокот на некое дејство.
Откај Митровден фатија студовите.
Откај пладне почна да врне.