отпад
(едн.) отпадот
Вид збор: Именка, машки род
Ранг: 8381
1.
Ненужен остаток од нешто.
Примери:
Отпадот од некои земјоделски култури се користи за исхрана на домашните животни.
Машина за преработка на отпад.
Слично со:
отпадок (м.)
2.
Место каде што се фрлаат отпадоци.
Примери:
Храната со изминат рок се фрла на отпад.
Местово го направивте отпад.
Слично со:
депонија (ж.)
3.
Продавница, место каде што се продава остаток од нешто.
Албански:
shitore mbeturinash
Овие тули ги купивме од отпад.