отпуст
(едн.)
Вид збор: Именка, машки род
Ранг: 17495
1.
Чин со кој се прекинува нечиј престој на определено место, средина и сл.
Англиски:
dismissal
Албански:
shkarkim, lëshim
Доби отпуст од војска.
Слично со:
отпуштање (ср.)
2.
Благослов, завршна молитва што свештеникот ја кажува на крајот од едно богослужение на царските двери, свртен кон народот.
Примери:
Таа секогаш в црква седеше до отпуст.
Попот пропеа што пропеа и даде отпуст.