а   б   в   г   д   ѓ   е   ж   з   ѕ   и   ј   к   л   љ   м   н   њ   о   п   р   с   т   ќ   у   ф   х   ц   ч   џ   ш

отруе

отрујат; отруј, отрујте; отрув, отру, отрул, отруја; (ќе) отруев, (ќе) отруеја; (ќе) отруел; отруен
Вид збор: Глагол, свршен
Ранг: 6178
1. Усмрти со отров.
Англиски: poison Албански: helmoj
Примери:
Комшијата ни го отру кучето.
2. Загорчи живот некому.
Албански: idhëtoj, helmoj
Употреба: Преносно значење
Примери:
Ме отру со тие негови постапки.
3. (се отруе) Се усмрти со отров.
Англиски: poison Албански: helmoj
Примери:
Ја најдоа во нејзината соба, се отрула.