отсек
мн. отсеци
Вид збор: Именка, машки род
Ранг: 14833
1.
Дел од некоја целина.
Примери:
Композицијата е поделена на педесет и шест тактови, поделени на четири отсеци.
Слично со:
дел (м.)
2.
Внатрешна организациска единица во едно одделение на некоја установа, управен орган или сл.
Примери:
Јас сум референт во станбен отсек.
Правен отсек.
Слично со:
одделение (ср.)
3.
временски период
Примери:
Час е отсек на време што трае 60 минути.
временски отсек
Слично со:
период (м.)
4.
Отсечен дел, отсечка, отсечок.
Слично со:
отсечок (м.)
5.
Место каде што е брегот обронат и стрмен.
Слично со:
амбис (м.)