а   б   в   г   д   ѓ   е   ж   з   ѕ   и   ј   к   л   љ   м   н   њ   о   п   р   с   т   ќ   у   ф   х   ц   ч   џ   ш

отстрана

Вид збор: Прилог
Ранг: 4551
1. Во близината на некого или на нешто, оддесно или одлево.
Англиски: sideways
Примери:
Куќата на дедо ми беше на крајот од селото, малку отстрана.
Го погледна отстрана.
2. Од растојание, без мешање, незаинтересирано.
Примери:
Си гледам отстрана и не сакам да се мешам во туѓи работи.