оцена
мн. оцени
Вид збор: Именка, женски род
Ранг: 11647
1.
Определување вредност, цена на нешто.
Англиски:
evaluation
Албански:
vlerësim
Денеска се изврши оцената на покуќнината.
Слично со:
вредност (ж.)
2.
Преценка за размерот, количината на нешто.
Примери:
Според мојата оцена, патот не е подолг од дваесет километри.
Слично со:
проценка (ж.)
3.
Мислење, став, суд за вредноста на некого или нешто.
Примери:
Критиката нема дадено јасна оцена за неговите дела.
Слично со:
мислење (ср.)