а   б   в   г   д   ѓ   е   ж   з   ѕ   и   ј   к   л   љ   м   н   њ   о   п   р   с   т   ќ   у   ф   х   ц   ч   џ   ш

оџак

мн. оџаци
Вид збор: Именка, машки род
Ранг: 3256
1. Отвор на куќата (или на некој објект) во облик на ѕидан шуплив столб од каде што излегува чадот од огнот.
Англиски: chimney Турски: ocak Албански: oxhak, tymtar
Примери:
Секоја куќа си има оџак.
Од оџакот на локомотивата излегуваше црн чад.
2. огниште
Англиски: fireplace Турски: ocak Албански: oxhak, vatër
Изрази
Гледај твојот оџак да ти чури право - гледај твоите работи да врват како што треба.