а   б   в   г   д   ѓ   е   ж   з   ѕ   и   ј   к   л   љ   м   н   њ   о   п   р   с   т   ќ   у   ф   х   ц   ч   џ   ш

павне

павнат; павни, павнете; павнав, павнаа; павнал; павнат; (ќе) павнев, (ќе) павнеа; (ќе) павнел
Вид збор: Глагол, свршен
1. Наеднаш направи движење со нешто; мавне (со лепеза, ладало).
Англиски: fawn Албански: valvit
Примери:
Гавранот павна со крилото.
Човекот павна со капата.
2. Поддувне, наеднаш се почувствува нешто во воздухот.
Англиски: blow Албански: fryn
Примери:
Павна тивко ветре.
Во лице му павна непријатен мирис.
3. (се павне) Се разлади малку.
Англиски: fawn
Примери:
Девојчето се павна со шамичето.
Изведенки
1. павнува несв.
павнуваат
2. павнување ср.
глаг. им.