пансион
мн. пансиони
Вид збор: Именка, машки род
Ранг: 5986
1.
Дом, воспитна установа во кој живеат и се хранат ученици, студенти, гости под постојан надзор на воспитувачи или лица што пружаат нега.
Примери:
Се отвори пансион за децата од оддалечените места.
2.
Куќа, објект што нуди полна услуга (сместување и храна).
Примери:
Таа е кај нив на пансион.
Вдовицата отвори пансион за старци.
3.
Стан и храна, цена за стан и храна.
Примери:
(разг.) Цел (полн) пансион.
бесплатен пансион
Изрази
Полн пансион - сместување во угостителски објект со три оброци.
Изведенки
пансионски прид.
пансионскиот
Пример: пансионско летување
пансионскиот
Пример: пансионско летување